Поврзете се со нас

Германија

Клоп нервозен пред решавачкиот меч на Дортмунд: Не сум мртов, знам што би значело…

Објавено

на

Утре се игра последното коло во Бундеслигата, коло кое може да донесе крај за доминацијата на Баерн Минхен во германскиот фудбал и тоа од страна на Борусија Дортмунд.

„Милионерите“ имаат се во свои раце, меч со Мајнц на домашен терен, меч на кој ако победат ќе го вратат трофејот во своите витрини, прв од времето кога на кормилото беше Јирген Клоп.

Токму сегашниот предводник на Ливерпул даде коментар за завршната рунда и притоа призна дека е нервозен пред утрешните натпревари.

-Да, ја пратам трката за титулата-не сум мртов. Жив сум и ја следам.Да бидам искрен малку сум нервозен. Можам конечно слободно да кажам дека ќе бидам среќен ако Дортмунд го совлада Мајнц. Ќе беше незгодно ако Мајнц славаше на претходниот натпревар, тогаш мислам ќе имаа шанси да се пласираат во Европа, ама сега тоа не е достижно.

-Се надевам Борусија ќе триумфира, мислам дека е доволно. Исто го знам Един, исто така и многу луѓе во Дортмунд.Секогаш сме биле во контакт и сега сме во контакт.

-Знам што би значело за градот и воопшто. Можам да замислам дека Баерн гледа поинаку, но не е забавно ако истиот тим секогаш станува шампион.Знаеме дека Баерн веднаш ќе нападне наредната сезона.Се надевам ќе успеат, имаше подеми и падови, ама изгледа дека можат да ја завршат работата. Ама никој не смета дека е готово.

-Ако јас бев на тоа место, тоа ќе беше најинтензивен период во мојот живот, ден пред натпреварот кога сите ја планираат забавата, ти мораш да застанеш и кажеш: Не ме замарај со тоа, навистина е незгодно. Ова е голема работа и се надевам ќе можат да ја завршат. Ќе биде голем успех, -порача Клоп.

Последното 34. коло е закажано за утре од 15:30 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни