Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Кјелце втора година по ред ќе се бори за трофејот во ЛШ

Објавено

на

foto:twitter.com/kielcehandball

Ракометарите на Кјелце се вториот финалист на завршниот турнир во Лигата на шампионите и тоа откако вечерва во полуфиналето во Келн успеаа да слават над Пари Сен Жермен со 25-24.

Самиот резултат покажува колку борбен, израмнет, ниезвесен беше овој меч кој на крајот го реши голманот на полскиот претставник Волф кој ги одбрани завршните удари на противникот за конечен триумф. Германецот прво го спречи обидот на Стеинс, потоа и на Пранди по што можеше да започне славјето на избраниците на Талант Душебаев кои утре против Магдебург ќе се обидат да дојдат до втора европска титула во својата историја.

Душебаев со шест гола беше прв стрелец, голманот Волф имаше 12 интервенции. Кај ПСЖ пак истакна и Стеинс со шест погодоци.

Утре од 15:15 часот Барса и ПСЖ ќе играат за трето место, додека финалето меѓу Магдебург и Кјелце е закажано за 18 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни