Поврзете се со нас

Италија

Киеза и Влаховиќ го доближија Јувентус до финалето во Купот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/juventusfc

Јувентус загуби пред неколку дена во Рим во дебито кое го имаше Игор Тудор како тренер на Лацио, но тимот на Макс Алегри денеска доби шанса да се реваншира и успешно го направи тоа.

Домашниот тим беше далеку поактивен во првото полуфинале во Копа Италија и заслужено го оствари тоа што го сакаше, пред се благодарение на добриот влез во второто полувреме.

Федерико Киеза го отвори резултатот по фантастичната топка која ја доби од Камбиазо, а набрзо после тоа во листата на стрелците се запиша и Душан Влаховиќ.

Погодокот на Србинот пристигна во најдобар можен период и тоа му дозволи на Јуве да чека уште некоја шанса преку против напади, па мора да се признае дека домаќините беа поблиску до трет гол, отколку Лацио до прв.

Со резултатот 2:0 „старата дама“ и тоа како се приближи до големото финале во Купот, натпреварување во кое активни се и Фиорентина и Аталанта во второто полуфинале.

Головите погледнете ги ТУКА 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни