Поврзете се со нас

Англија

Кејн откако го урна рекордот на Руни: Не планирам да застанам тука

Објавено

на

Foto:twitter.com/England

Хари Кејн со огромни емоции го славеше голот кој го постигна во Неапол и кој послужи Англија да слави против Италија, а дефинтивно имаше и добра причина за такво нешто.

Ѕвездата на Тотенхем од вчеравечер има посбено место во историјата на англискиот фудбал, бидејќи стана најдобриот голгетер на сите времиња кога е во прашање националниот тим.

Кејн беше израмнет со Вејн Руни од Светското првенство во Катар и двајцата имаа по 53 погодоци, но Хари сега го надмина легендарниот голгетер на Манчестер Јунајтед и изби на врвот на листата.

Руни покажа голема класа и меѓу првите му честиташе на Кејн, кој сега не планира да застане на бројката 54, особено кога чувствува дека е во најдобра форма во кариерата.

– Не сакам да гледам премногу далеку, но имам само 29 години и се чувствувам пофит од било кога, се чувствувам најдобро во кариерата. Не планирам да застанам, сакам да играм уште многу години. Играњето за Англија е најголемата сатисфакција за мене, сакам да постигнувам голови на секој следен меч. Се надевам дека ќе постигнам уште многу голови за овој дрес, – изјави новиот рекордер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни