Поврзете се со нас

Шпанија

Кавани возврати на фантастичниот пречек на „Месталја“: Ќе го бранам дресот како да сум навивач цел живот (Видео)

Објавено

на

Валенсија денеска ги претстави сите осум летни засилувања пред своите фанови на „Месталја“, а сосема очекувано, најголемо внимание привлече излегувањето на теренот на Единсон Кавани.

Преносот одеше во живо на официјалната телевизија на Валенсија, но пред да излезат фудбалерите на теренот, Кавани ја имаше својата презентација како нов напаѓач на „лилјаците“ и одржа прес-конференција.

Искусниот Уругваец ќе ја носи „7-та“ во Валенсија и беше извонредно пречекан од околу осум илјади фудбалски фанови на „Месталја“, кои уште од прв ден му изразија голема поддршка и љубов на „Ел Матадор“.

Кавани навистина бираше зборови на пресот и нагласи дека Валенсија ја ставил пред било кој друг клуб од сите понуди кои ги имал поради големината на клубот, но и поради тоа што почувствувал нешто специјално околу градот и атмосферата која се прави на стадионот.

– Со Валенсија почувствував нешто специјално, затоа сум тука. Ќе го бранам овој дрес како да сум навивач на Валенсија цел живот. Тоа е мојата цел е тоа е предизвикот кој си го давам. Кога слушнав за понудата, само Валенсија беше во мојата глава, знам каква големина има овој клуб. Градот исто така е многу убав и со сета почит кон другите клубови, јас не размислував во ниту еден момент. Ако одев по пари, ќе бев на друго место. Чувствата ме донесоа во Валенсија и сигурен сум дека ова е вистинскиот избор, – изјави Кавани кој беше поздравен од околу 8 илјади фанови на главната трибина.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни