Поврзете се со нас

Евролига

Капитенот на Партизан по големото разочарување: Се се промени по тепачката

Објавено

на

foto:www.facebook.com/bcpartizan

Составот на Партизан не успеа да се пласира на завршниот турнир во Евролигата, односно на неговиот пат застана Реал Мадрид кој направи неверојатен кам-бек во серијата и од негатива од 2-0 дојде до 3-2 и можност во Каунас да се бори за европската титула.

„Црно-белите“ не искористија две „меч топки“ пред своите гледачи во Белград, вчера во Мадрид имаа огромна двоцифрена позитива во мајсторската и со право се разочарани што тука завршува нивниот настап во Евролигата за натпреварувачката 2022/2023.

Капитенот на Партизан, Кевин Пантер не можеше премногу да зборува по ова што се случи, но потенцираше една работа дека серијата се променила по инцидентот, тепачката која се случи во финишот на вториот натпревар.

-Да бидам искрен, ништо не мислам. Ова беше тешка серија. Се се промени по тепачката. Станувате наутро и сите сакате да бидете здрави. Реал Мадрид е искусен тим и не успеавме да ги запреме. Тоа е тоа, -порача плејмејкерот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни