Поврзете се со нас

Светски првенства

Капело го детектираше главниот виновник за поразот на Англија: Го правеше истото и во финалето со Италија

Објавено

на

Фабио Капело ја водеше Англија како селектор од периодот од 2007-ма до 2012-та година и не оствари некои позначајни успеси, но како човек кој добро ја познава културата во оваа репрезентација, си даде за право да прави подетална анализа за новиот мундијалски неуспех.

Иако избраниците на Герет Саутегејт не разочараа, сепак мораа да се помират со пораз од Франција во четвртфиналето, а според Капело, еден од главните виновници за поразот е голманот Џордан Пикфорд поради своите избрзани потези со долги топки.

– Најголемата грешка на Англија беше голманот. Не само првиот гол кој го прими, туку и поради тоа што постојано играше долги топки, иако неговите соиграчи не беа наместени. Така им овозможуваше на Французите да тргнат во напад.

– Можеше да ги проигрува соиграчите со кратки додавања, мојата идеја за фудбалот е таква. Кога гледате дека може да играте, треба да играте, невозможно е да ги барате соиграчите со долги топки кога не се добро позиционирани. Тој постојано играше долги топки. Истата грешка ја правеше и во финалето против Италија на „Вембли“.

– Уште една многу важна работа е изведувачот на пеналот. Во мојата кариера изведував пенали, а еднаш утнав после 11 успешни обиди кога противнички голман беше човек кој претходно играше со мене. Истото беше и со Кејн. Го даде првиот пенал, но вториот се знаеше дека ќе биде потежок. Мораше да изберат друг изведувач за вториот пенал, – заклучува Капело.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни