Поврзете се со нас

Светски првенства

Капело: Фудбалот со посед е веќе мртов, сите играа со ист систем на мундијалот!

Објавено

на

Фабио Капело направи ексклузивно интервју за „Кориере дела Сера“ посветено за завршениот фудбалски мундијал во Катар, а како искусен и докажан стручњак, Италијанецот се осврна на тактиката која ја применувале најголем дел од селекциите.

Дон Фабио потенцира дека сите тактички формации пред натпреварите пропаѓале во вода откако ќе почнат натпреварите, бидејќи речиси сите тимови според него играле со систем 9-1.

– Да бидам искрен, слушнав за многу системи и тактички поставености на ова Светско првенство, но сите всушност користеа еден ист систем.

– Сите играа со систем 9-1, сите се бранеа како тим и напаѓаа со повеќе играчи во нападот. Беше непотребно да се измислува било што друго на теренот.

– Според мене, поседот на топката е веќе мртов во фудбалот, апсолутно е досадно да се гледа таков фудбал. Оние кои ја носат топката со себе не прават ништо само со поседот, треба да имате храброст за да играте вертикално на теренот, – вели Капело.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни