Поврзете се со нас

Светски првенства

Кадетите постигнаа 30 гола против Данска, но претрпеа втор пораз на СП

Објавено

на

Foto:macedoniahandball.com.mk

Македонија врза две победи над Црна Гора и Грузија по стартниот пораз од Норвешка на Светското првенство во Хрватска, но нашите кадети ова попладне претрпеа нов пораз од скандинавски тим.

Данската ракометна школа важи за една од најсилните во Европа и тоа се пренесува од генерација на генерација, па така денеска како апсолутни фаворити, врсниците на избраниците на Стојановиќ запишаа победа од 37:30.

Македонските ракометари не потфрлија во офанзивен план и успеаја да постигнат дури 30 гола, но сепак немаа решение за супер-брзата игра на Данците, стил кој е препознатлив за скандинавците.

Данска уште во раната фаза јасно стави до знаење дека планира да ја оправда фаворитската улога и на полувреме замина со 18:12, предност која успеа да ја чува во вторите 30 минути и покрај тоа што Македонија во неколку наврати дојде до минус три.

На крајот, конечниот резултат гласи 37:30, па сега македонските кадети се насочат кон следниот ривал и борбата за третото место во групата, селекцијата на Австрија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни