Поврзете се со нас

Светски првенства

Кадетите ја испотија фаворизираната Норвешка, но отворија со пораз на СП во Хрватска

Објавено

на

Foto:macedoniahandball.com.mk

Македонската кадетска репрезентација до 19 години денеска го започна својот настап на Светското првенство во Хрватска, турнир на кој на самиот старт покажаа дека можат да се носат и со една силна селекција каква што е Норвешка.

Избраниците на Радослав Стојановиќ се држеа во дуелот со фаворизираните скандинавци и се покажаа во навистина добро светло, но сепак немаа сили за големо изненадување и сензација на отворањето на кадетскиот мундијал.

Норвежаните отворија подобро во и имаа почетна позитива од 3:1, Македонија успеа да одговори и влезе во егал ситуација, но фаворитот се одлепи на плус четири и добра вест беше што нашите надежи намали на минус два на полувреме.

На пауза се замина со резултат 11:9 во едно полувреме во кое се играше доста цврст ракомет, а се чини дека стартот на вториот дел го реши прашањето околу победникот.

Норвешка се одлепи на плус шест и ова беше највисока предност за скандинавците, но не и дефинитивна бидејќи Македонија покажа карактер и се врати со серија од 4:0. Вистинска драма беше во самиот финиш кога нашите момчиња дојдоа на само минус еден, но сепак не издржаа докрај и загубија со 27:25.

Мирче Калајџиевски со седум гола беше најефикасен во нашиот тим, додека Олсет од Норвешка беше незадржлив за нашата одбрана и постигна девет гола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни