Поврзете се со нас

Италија

Јувентус почнал преговори за италијански репрезентативец

Објавено

на

foto:twitter.com/juventusfc

Раководството на Јувентус ќе повлече одредени трансфер потези во летниот преоден рок, а најавеното заминување на Моисе Кеан отвора простор за нов напаѓач во составот.

Италијанските медиуми денеска пишуваат дека Јуве стапил во контакт со агентите на Марио Ретеги и ќе се обидат да го ангажираат актуелниот напаѓач на Џенова.

Ретеги дојде во Серија А откако првично стана италијански репрезентативец на барање на поранешниот селектор Роберто Манчини, а со настапите за „азурите“ и Џенова, успеа да ги убеди поголемите клубови дека поседува сериозен потенцијал.

Сезонава, Ретеги постигна 8 гола и забележа 3 асистенции, а неговиот тим постигнува повеќе од солидни резултати.

Напаѓачот дојде во Италија од редовите на аргентински Тигре.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни