Поврзете се со нас

Италија

Јувентус доби конкуренција за потписот на Хендерсон: Се водат сериозни разговори…

Објавено

на

Англискиот интернационалец, Џордан Хендерсон сака да се врати во Европа во овој преоден рок и тоа по само неколку минати месеци во редовите на Ал-Ерифак каде соработуваше со Стивен Џерард.

На Хендерсон не му се доаѓа животот во Саудиска Арабија, уведе некои работи кои едноставно не се по негов вкус и сака нов предизвик на стариот континент. Во прво време се говореше за негов кам-бек во Англија, потоа се појави Јувентус како тим кој е заинтерсиран да го види во своите редови, но „старата дама“ има сериозна конкуренција за неговиот потпис и тоа од холандскиот великан Ајакс.

-Со Хендерсон се водат сериозни разговори, тој се уште има да среди некои работи во Саудиска Арабија. Може да биде добра комбинација. Не е тајна дека навистина би можеле да користиме таков тип на играчи. Другите момци можат да имаат корист од тоа, -истакна тренерот на Ајакс, Џон Ван’ Т Схип за ЕСПН.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни