Поврзете се со нас

Англија

Јунајтед побарал лев бек во Шпанија, Вилјареал експресно ги одбил

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед се најде во незавидна позиција по повредите на Лук Шо и Тајрел Маласија и приоритет е до крајот на летниот преоден рок да се пронајде лев бек, играч кој ќе може да одговори на барањата на менаџерот Ерик Тен Хаг.

Медиумите издвоија неколку имиња со тоа што пред се тоа беа шпански бекови како Кукурелја, Алонсо, Регилон со тоа што првиот Марк беше посочен како фаворит.

Меѓутоа според „Марка“ клубот од „Олд Трафорд“ тропнал и на друга врата во Шпанија и тоа во Вилјареал каде пробал да го ангажира Алфонсо Педраца. Јунајтед сакал негова позајмица, ама „жолтата подморница“ експресно дала негативен договор затоа што исклучително го цени 27 годиниот фул-бек.

Се очекува сега Јунајтед максимално да се фокусира на Кукурелја од Челси кој пак не е во прв план кај Покетино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни