Поврзете се со нас

Репрезентација

Јончевски: Ова не е најдоброто од нас, имавме отворени шутеви и нереализирани шанси

Објавено

на

Македонската репрезентација не ја изненади Грузија и претрпе пораз од 79-65 на средбата која се играше во СЦ „Борис Трајковски“.

Националниот тим се претстави во далеку подобро издание во споредба со она во Тбилиси, бевме понкурентни, во одредени минути подобри од ривалот, меѓутоа на крајот искуството и квалитетот пресуди, па четата на Зурос победнички го напушти Скопје.

И на овој меч бевме предводени од Александар Јончевски кој спортски му го честита триумфот на противникот, но воедно порача дека овој наш состав има знаење и потенцијал да биде на повисоко ниво.

-Уште еднаш противникот освои заслужи победа, но и ние имавме одлични моменти во играта, така што не можам да се пожалам. Сакам да им честитам на моите играчи за борбеноста, почитта кон националниот дрес во овој ‘прозорец’. Можам да кажам дека споредено со првиот натпревар имавме подобар одговор на целокупната игра на противникот, иако не можевме да го контролираме скокот од наша страна. Имавме отворени шутеви и нереализирани шанси, ова не е најдоброто од нас, но не можам да кажам дека не сум задоволен од овие играчи. Имавме само шест поени од клупа, не сум разочаран, но секако можеше да биде подобро, -порача Јончевски кој на двете средби го менуваше селекторот Драган Бајиќ кој имаше позитивен тест на КОВИД-19.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни