Поврзете се со нас

НБА

Јокиќ накратко образложи зошто не може да биде споредуван со феноменот Ѓоковиќ

Објавено

на

Foto:twitter.com/DjokerNole

Новак Ѓоковиќ присуствуваше на натпреварот меѓу ЛА Лејкерс и Денвер и се сретна со својот сонародник Никола Јокиќ, а тоа беше добра прилика двајцата да си разменат убави зборови и во разговорите кои ги имаа со новинарите.

Светскиот рекет број еден уште еднаш нагласи дека „Џокер“ е најдобриот светски кошаркар во моментов и дека многу му се допаѓа како се носи со славата, додека ѕвездата на Денвер во своето обраќање потенцира дека тој никако не може да биде споредуван со Ноле.

Јокиќ смета дека Ѓоковиќ е приказна за себе и има многу поголемо значење за целокупната светска спортска јавност, но пред се и за децата во Србија кои гледаат на него како вистински пример.

– Не постојат зборови со кои може да се опише Ѓоковиќ. Тој е мајстор на својот занает и веројатно е еден од најголемите во историјата. Тој е човек кој ја претставува Србија на далеку поголема сцена.

– Тој е амбасадор на Србија, тој е пример за сите деца во Србија, не само поради тоа што го прави на теренот, туку и поради Фондацијата која ја има. Тој е човек на кој треба да се угледаме, сакам да бидам како него. Тој прави нешто неверојатно за децата, за Србија, за сите. Не може да се споредуваме јас и Ноле, – изјави Јокиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни