Германија
Интер нема да добие попуст за наследникот на Онана

Интер ќе направи сериозни промени на голманската позиција, поточно од клубот си заминуваат двајцата асови кои го чуваа истиот минатата сезона Андре Онана и Самир Хандановиќ.
Хандановиќ по долго време ја заврши приказната со „нероаѕурите“, додека Камерунецот ќе биде продаден во Манчестер Јунајтед или поточно калчолигашот не можеше да ја игнорира големата понуда за неговите услуги од премиерлигашот.
Повеќе од јасно е дека европскиот вицешампион мора да реагира и како прва цел е искусниот Јан Зомер од Баерн Минхен. Наводно Швајцарецот е спремен да се пресели во Милано, па сега останува само клубовите да си подадат рака. Според Џанлука Ди Марзио, бундеслигашот нема намера да му даде никаков попуст на Интер, поточно нема да прифати помалку од 6 милиони евра колку што изнесува откупната клаузула.
Во таборот на италијанскиот прволигаш се надеваат дека ќе ја намалат сумата, ама се подготвени и да ја платат клаузулата ако нема договор оваа седмица.
Клубот од Милано исто сака да го ангажира и членот на Шахтјор Доњецк, Анатолиј Трубин, меѓутоа за таа операција се потребни повеќе финансиски средства.
-
Шпанијапред 14 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Англијапред 14 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Италијапред 17 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Англијапред 18 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
НБАпред 15 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Англијапред 14 часа
Гвардиола брутален по елиминацијата: Не сакам да губам енергија на ова натпреварување
-
Италијапред 16 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно
-
Шпанијапред 12 часа
Барселона обвинета за корупција, двајца претседатели завршија на суд