Поврзете се со нас

Италија

Интер ги договори деталите за враќањето на Лукаку во Милано

Објавено

на

Враќањето на Ромелу Лукаку во Интер веројатно е и најдоброто засилување кое тренерот Симоне Инѕаги би можел да го побара ова лето, а италијанските медиуми тврдат дека заемот е договорена работа.

Интер и Челси ги утврдиле деталите за враќањето на Лукаку, кој новата сезона ќе настапува во италијанскиот клуб со кој пред две сезони стана и шампион во Серија А.

Специфичниот и финансиски тежок договор на Лукаку со Челси донесе комплицирани преговори за остварување на желбата и на самиот Белгиец, а Интер прифатил да плати 8 милиони евра плус бонуси за едногодишниот ангажман на напаѓачот.

Во договорот не постои опција за откупување на договорот, а Лукаку морал да прифати одредено намалување на годишната плата.

Премиерлигашот плати 115 милиони евра за Лукаку, но по 44 настапи во дресот на Челси, напаѓачот реши да бара излез бидејќи не му оди најдобро соработката со Томас Тухел.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни