Поврзете се со нас

Италија

Интер е подготвен да се откаже од Шкриниар, носи двајца играчи на неговото место

Објавено

на

Италијанскиот вицешампион Интер минатото лето загуби двајца важни играчи Ромелу Лукаку и Ашраф Хакими кои за голема сума си заминаа од Милано и се преселија во Лондон и Париз.

Ова лето можеме да бидиме сведоци на ново значајно, големо заминување од „Џузепе Меаца“ или поточно тоа во случајот е Милан Шкриниар. Словакот од 2017 година е дел од „нероаѕурите“, има важна улога и е стандарден првотимец, но Интер е спремен да се откаже од него под услов да стигне голема понуда.

ПСЖ е најзагреан, во медиумите се појави вест дека калчолигашот бара 80 милиони евра, но според Алфредо Педула овој трансфер би можел да се реализира за сума од 65 милиони евра плус бонуси.

Интер во исто време размислува како би ги потрошил тие средства, па е спремен да донесе две имиња. Првиот е Бремер од Торино, додека вториот е Никола Миленковиќ од Фиорентина.

Останува да се види како ќе се развива ситуацијата и дали ова може да се реализира како и претходните најавени трансфери на Лукаку и Дибала, плус да не заборавиме дека Интер ги договори Онана и Мхитарјан што значи дека составот на италијанскиот прволигаш може да биде драстично променет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни