Поврзете се со нас

Италија

Инѕаги за чудното пенал решение кое го остави Интер без победа: Одлуката беше моја

Објавено

на

Дербито меѓу Интер и Аталанта донесе трилер завршница во која секој од двата тима можеше да стигне до победа, но на крајот, Инѕаги и Гасперини мораа да се помират со поделба на бодови, што фудбалски гледано е и најреален исход од мечот.

Един Џеко израмни на 2:2 во 71-та минута, а 15 минути подоцна, се избори и за пенал откако Демирал реагираше почетнички со рака. Интер доби огромна шанса да поведе со 3:2, но во дадениот случај, Инѕаги се одлучи за необичен избор и одговорноста му ја предаде на Димарко.

Дефанзивецот биеше силно и ја погоди гредата, но може да биде среќен што не се претвори во трагичар, бидејќи само две минути подоцна, Аталанта погоди за 2:3.

Овој гол беше поништен поради тоа што топката минимално излезе надвор од границите на теренот во зачетокот на акцијата, по што беше јасно дека двата тима веќе немаат сили за нови возбудувања. Конечните 2:2 изнудија измешани емоции кај актерите на двата тима, а Инѕаги како тренер на фаворитот го објасни својот чуден пенал избор во ситуација кога Џеко и Перишиќ беа на теренот.

– Одлуката за изведувачот на пеналот беше моја. Ова утро пенали тренираа Чалханоглу и Лаутаро, но и двајцата не беа на теренот во тој момент. Се двоумев меѓу Перишиќ и Димарко, но вториот беше посвеж и подобар избор. Вистинска штета што не дадовме гол, мислам дека ние бевме тимот кој повеќе ја сакаше победа на крајот од мечот, – изјави Инѕаги.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни