Поврзете се со нас

Боречки спортови

Илиоски ќе се бори за златото на Светското првенство во Португалија

Објавено

на

Foto:instagram.com/urkourko

Македонскиот кикбоксер, Бобан Илиоски оствари уште една победа на Светското првенство кое се одржува во Португалија, победа која му донесе најмалку сребро на овој голем настан што се одржува во градот Албуфеира.

Илиоски оствари сигурен триумф над Елјан Алкишијев од Азербејџан со 3-0 и со голема самодоверба ќе го дочека големото финале, завршниот меч против Уришбоев Нурбек.

Инаку Илиоски се натпреварува во категоријата до 86 килограми во дисциплината лоу-кик.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни