Поврзете се со нас

Свет

Ибрахимовиќ против Србија ќе го одигра последниот меч во кариерата

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ против Србија ќе го одигра последниот меч во неговата импресивна и богата фудбалска кариера.

Ибрахимовиќ не е повеќе активен од 2023 година кого го носеше дресот на Милан, клуб во кој сега има и нова улога. Меѓутоа на 8. јуни во Стокхолм на „Френдс арената“ ќе го има завршниот танц во кариерата и тоа во соочувањето со Србија.

На овој меч Ибра ќе го облече дресот на Шведска и со тоа ќе ја заокружи приказната со националниот тим за кој настапи на 122 мечеви и постигна 66 голови.

Швеѓанецот со балкански корени играше во многу великани, тргна од Малме, па преку Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, Милан, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и ЛА Галакси се врати во Милан каде со своето искуство, присуство и лидерство им помогна на „росонерите“ по долго време да го освојат Скудетото.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни