Поврзете се со нас

Италија

Ибрахимовиќ објави видео како ја одржува својата форма и го шокираше фудбалскиот свет

Објавено

на

Златан Ибрахимовиќ и на 40 години е во одлична физичка форма, а тоа го покажува и на терените носејќи го дресот на Милан.

Токму затоа, и покрај сериозните години за еден фудбалер, од Милан најавија дека ќе му понудат нов договор по крајот на оваа сезона, а дали ќе остане на „Сан Сиро“ ќе зависи само од играчот.

Напаѓачот на социјалните мрежи сега објави видео од начинот на кој тој ја одржува својата форма.

Ибрахимовиќ правеше стомачни вежби, фатен со своите нозе на боксерска вреќа, нешто што малкумина го можат.

Видеото веднаш стана вирално и само пет часа откако беше објавено на социјалните мрежи собра над два милиони прегледи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни