Поврзете се со нас

АТП

Хуркач недоволно голема закана за Ноле: Ѓоковиќ во полуфиналето во Дубаи

Објавено

на

Foto:twitter.com/atptour

Новак Ѓоковиќ засега најтешкиот испит во Дубаи го имаше во првото коло од квалификантот Махач, бидејќи наредните два меча ги доби навистина рутински и се пласираше во полуфиналето.

Откако вчера не му даде никаква шанса на Грикспор, Ѓоковиќ денеска немаше проблеми и со Хуберт Хуркач, кој иако требаше да биде посериозен ривал, сепак не се покажа како доволно голема закана.

Во еден меч во кој Новак немаше потреба да го игра најдобриот тенис, како доволни се покажаа по еден брејк во двата сета, кои завршија со резултат 6:3 и 7:5.

Србинот во првиот сет рано направи разлика и доста рутински поведе со 1:0, додека во вториот Хуркач имаше прв сервис и постојано водеше се до 5:4.

Полјакот најмногу се закани во 10-от гејм кога стигна до 0:30, но потоа Ноле освои четири поени во низа, што беше најава за брејкот кој следеше. На крајот, Ноле лесно отсервира за 7:5 и потврда на брејкот и победата, со која се пласираше во полуфиналето во Дубаи.

Противник во оваа рунда ќе му биде подобриот од дуелот Медведев-Чориќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни