Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Хуанфран откри која ѕвезда на Атлетико одбила да шутира пенал во болното финале со Реал

Објавено

на

Атлетико Мадрид загуби две финалиња од лутиот ривал Реал Мадрид во Лигата на шампионите, но посебно болно за играчите и навивачите на овој клуб беше она второто во Милано кое беше загубено во пенал рулетот.

Реално и објективно гледано, Атлетико беше за нијанса подобар тим во регуларниот дел и во дополнителните 30 минути игра, но кога дојде моментот на одлука, поуспешни беа „кралевите“ кои во тој момент ја освоија 11-та титула во Лигата на шампионите.

Натпреварот кој се играше на „Сан Сиро“ во 2016-та година донесе еден вистински и најголем трагичар, а тоа беше дефанзивецот Хуанфран чии солзи станаа вирални по финалето.

Хуанфран беше единствениот играч кој не реализираше пенал, а сега после шест години, за првпат откри дека една ѕвезда на Атлетико Мадрид одбила да изведе пенал и тој не бил првично на списокот.

Во документарецот на „Амазон прајм“, Хуанфран е еден од нараторите и открива детали од финалето, а токму неговата изјава до денеска беше непозната за јавноста.

– Не требаше јас да го изведам пеналот, требаше да го изведе Караско, но Јаник не сакаше да шутира. Ни недостасуваше еден изведувач меѓу првите пет и бидејќи никој не сакаше да се пријави, јас подигнав рака и шутирав јас, – открива Хуанфран чиј шут заврши во дирекот од голот на Кејлор Навас.

– Тој пенал не го промаши само Хуанфран, го промашивме сите. Вината е кај сите, – вели Фернандо Торес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни