Европски купови
Храбриот Алкалоид покажа потенцијал, но го заврши со пораз дебито во Европа

Алкалоид како актуелен ракометен вицешампион на Македонија се избори за дебитантски настап во Европа, а оваа вечер ја имаше својата премиера во Лигата на Европа која ја организира ЕХФ.
Момците на Кирил Лазаров покажаа дека можат да се носат и на највисока сцена, но сепак скапо го платија неискуството и големите падови кои ги имаа во одредени делови од првото и второто полувреме.
„Црните дупки“ во клучните фази од двете полувремиња се покажаа како клучни за поразот од 26:31, со кој тимот од Автокоманда го отвори своето прво европско патување од своето постоење.
Историската вечер донесе многу лекции за младите играчи на македонскиот селектор, но со исклучок на падовите, имаше и добри моменти кои само го покажуваат потенцијалот .
Војводина ја направи клучната разлика на средина на второто полувреме кога поведе со 26:19 благодарение на серијата од 5:0, па иако Алкалоид возврати со иста мера и се врати на минус два, на крајот остана без сила да се бори за голем пресврт.
Иван Џонов со осум реализации беше најдобар поединец кај Алкалоид, исто толку голови постигна и Воркапиќ од противничкиот тим, додека Бинго и Митев го завршија мечот со пет голови.
-
Македонијапред 24 часа
(ФОТО) Новиот автомобил на Иџе пристигна во Скопје
-
Германијапред 15 часа
Нереален автогол: Голман на Хамбургер со „мајсторија“ која ќе ја памети до крајот на животот (ВИДЕО)
-
Италијапред 23 часа
Малдини откри како бил отпуштен од Милан и распали по првиот човек на клубот
-
Шпанијапред 17 часа
Анчелоти го спореди Белингем со бразилска легенда: Изненаден сум од него…
-
Англијапред 15 часа
Гвардиола воодушевен од тренерот на Тотенхем: Тој го прави фудбалот подобро место, уживам да ги гледам
-
Европски првенствапред 21 час
Лазаров повика 35 ракометари на поширокиот список, има и едно изненадување (Фото)
-
Светпред 15 часа
Митровиќ и Милинковиќ-Савиќ го потопија Ал Наср на Роналдо (ВИДЕО)
-
Шпанијапред 17 часа
Гризман и Саул имаа провокативни изјави, Жоао Феликс им одговори (ВИДЕО)