Поврзете се со нас

Светски првенства

Холандија го реши САД, премиерот Руте го „поздрави“ Бајден (ФОТО)

Објавено

на

Холандија излезе како победник од дуелот со Соединетите Американски Држави (3-1) со што обезбеди место меѓу осумте најдобри на Мундијалот во Катар.

„Лалињата“ им ја препуштија топката на противниците, но во исто време максимално ги користеа сите нивни слабости и со погодоците на Депај, Блинд и Думфрис запишаа триумф вреден четвртфинале. Ова го искористи холандскиот премиер, Марк Руте да го поздрави претседателот на САД, Џо Бајден кој најавуваше победа пред средбата порачувајќи дека оваа игра се вика сокер.

-Извини Џо, фудбалот победи-напиша Руте.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни