Поврзете се со нас

Германија

Хенес за одлуката на Нагелсман: Не е крај на светот!

Објавено

на

foto: https://twitter.com/FCBayernEN

Јулијан Нагелсман ќе остане германски селектор и по Европското првенство, откако вчера федерацијата и самиот стручњак потврдија дека ја продолжиле соработката барем до мундијалот во 2026 година.

Тоа индиректно значи дека Нагелсман отпадна во трката за враќање на клупата на Баерн Минхен, нешто што беше идеја на раководството, кое сакаше да го врати младиот стручњак кој беше отпуштен од Баварците во текот на претходната сезона.

Вчерашната информација ја коментирал и Ули Хенес, кој и натаму има големо влијание врз одлуките на Баерн, а според кого германскиот клуб ќе најде друга солуција.

– Штета што испадна вака, тој се одлучи да му се посвети на националниот тим.

– Сепак, неговата одлука не значи крај на светот за Баерн, – рекол Хенес за еден германски спортски подкаст.

Според последните информации, најсериозни кандидати за наследник на Томас Тухел се Ралф Рангник и Себастијан Хенес.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни