Поврзете се со нас

Балкан

Хаос на вечното дерби во Сплит: Членовите на „Торцида“ влетаа на теренот, Ристовски и соиграчите избегаа во соблекувална (Видео)

Објавено

на

Динамо го победи Хајдук во големото дерби и се пласираше во финалето на хрватскиот Куп, но по последниот судиски свиреж во полуфиналето, на теренот и трибините настана вистински хаос.

Навивачката група „Торцида“ влета на теренот и го проби заштитните дел од оградата на северната трибина, па најрадикалните членови се упатија кон трибината на која беа „Бед Блу Бојс“.

Повеќе од јасно е дека на пат до трибината, мета на навивачите на Хајдук ќе беа и играчите на Динамо, но Стефан Ристовски и соиграчите брзо побегнаа во соблекувална и оставија безбедносните сили сами да го решаваат проблемот.

За среќа, специјалците имаа брзо и добро распоредување и не дозволија директна пресметка меѓу двете навивачки групи, но затоа еден дел од безбедносната единица имаше пресметка на трибината со еден дел од групата на „Торцида“ која остана на северната трибина.

Инаку, натпреварот заврши 0:1 и Динамо оствари голема победа, со која актуелниот хрватски шампион си закажа финална пресметка со Ријека.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни