Поврзете се со нас

Англија

Халанд откри дека практикува несекојдневни рутини за да има подолг сон: Специјални очила и лента на уста…..

Објавено

на

Фото:twitter.com/ManCity

Ерлинг Халанд беше ексклузивен гостин во последниот поткаст на Логан Пол и се отвори за несекојдневните рутини кои ги практикува во редовниот живот, а кои му помагаат да биде максимално посветен и издржлив на фудбалскиот терен.

Норвешката суперѕвезда го потврди статусот на неверојатен фудбалски талент уште во првата сезона во Англија и ги освои сите најважни трофеи во Манчестер Сити, но откако претходно ја запозна јавноста со неговата чудна диета, сега се отвори и за ритуалите кои ги има пред да легне.

Халанд појаснува дека добриот сон е најважен за секој човек во светот, но особено за фудбалерите кои имаат максимални напори со секојдневни тренинзи и натпревари.

– За мене сонот е најважна работа во светот. Мислам дека тоа треба да биде така за сите, а особено за фудбалерите. Пред да одам на спиење, правам мали едноставни работи. Носам специјални сини очила неколку часа и истите служат за одбивање на светлината, а потоа ги гасам сите сигнали во спалната соба.

– За некој тоа се мали и непотребни работи, но истите и тоа како се исплатат во секојдневниот живот. Исто така, треба да испробате и леплива лента со која ќе ја покриете устата. Јас спијам со таква лента и тоа често го практикувам. Исто така, пред да си легнам, често одам во сауна и тоа го практикувам речиси секој ден, – открива Халанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни