Поврзете се со нас

Англија

Халанд го избра пеналџијата кој може да му го спаси животот: Тој е најдобриот што сум го видел (ВИДЕО)

Објавено

на

Ерлинг Халанд се подготвува за дербито против Ливерпул во Премиер лигата, а во пресрет на истото вирално стана видеото во кое тој одговара на прашањето кој е човекот на кого би му дал можност да шутира пенал ако се работи за живот или смрт.

Норвешкиот репрезентативец му порача на Гери Невил дека тој би сакал да биде оној кој би решавал, ама ако мора некого да одбере тоа е Марио Блотели.

-Морам да кажам себеси затоа што си верувам многу. Ако не, има некои добри. Морам да кажам Марио Балотели, веројатно тој е најдобриот што сум го видел, беше навистина добар, па веројатно тој или јас, -порача јасно и кратко првиот стрелец во најсилниот англиски фудбалски шампионат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни