Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола: УЕФА и ФИФА да ја продолжат годината на 400 дена

Објавено

на

Пеп Гвардиола вели дека Манчестер Сити научил многу од фијаското на Супер лигата, но уште еднаш испрати порака до УЕФА и ФИФА, барајќи брза реакција за потребните промени.

Менаџерот на Сити вели дека фудбалерите и менаџерите постојано апелираат да се намали бројот на натпревари, а УЕФА и ФИФА постојано го зголемуваат.

– Секогаш се случува истото, фудбалерите и менаџерите бараат зголемување на квалитетот, а одговорните се решаваат за квантитет.

– Но, ние немаме влијание на тие одлуки, треба да побараме од УЕФА и ФИФА да ја продолжат годината, можеби е најдобро годината да е составена од 400 дена. Можеби ќе најдат солуција и за тоа.

– Мора да има промени. Порано во Лигата на шампионите учествуваа само шампионите, а потоа најсилните лиги имаат по четири претставници. Тоа е променето, екипите поседуваат квалитет и заслужуваат да играат, но сега се потребни и други промени, – изјавил Гвардиола.

Манчестер Сити викендов игра во финалето на Лига купот против Тотенхем.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни