Поврзете се со нас

Англија

Гвардиола со необичен одговор посочи кога Барселона ќе го види Силва

Објавено

на

Бернардо Силва веќе неколку сезони е еден од најквалитетните играчи на Манчестер Сити, играч кој е многу корисен во системот на Пеп Гвардиола, играч кој знае да даде гол, запише асистенција, отвори простор за соиграчите.

Сето ова Португалецот го прави да биде интересен и за останатите екипи, па така Силва веќе одредено време е трансфер цел за Барселона која сака да го види во своите редови. Каталонцоте според информаците веќе имаат подготвено и одреден буџет за реализација на овој трансфер, меѓутоа големо прашање е дали премиерлигашот ќе каже „ДА“ за една ваква операција.

Барселона го одредила буџетот за трансферот на Силва

Тренерот Пеп Гвардиола постојано е притиснат од медиумите за оваа тема, па шпанскиот стретег даде еден интересен одговор за тоа како и кога Барселона ќе го види Силва.

-Во среда ќе го видите како игра, нели? И она што е сигурно е дека ќе игра со нас, со Сити, -порачал Пеп.

Барса и Сити ќе одиграа пријателски меч на 24 март, средба која има хуманитарен карактер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни