Поврзете се со нас

Англија

Барселона го одредила буџетот за трансферот на Силва

Објавено

на

Шпанскиот вицешампион Барселона сака да повлече уште неколку потези, односно да доведе уште некои имиња до крајот на овој преоден рок, а едно од нив е Бернардо Силва од Манчестер Сити.

Каталонците сакаат да го видат Португалецот на „Камп Ноу“ со тоа што претходно мора да се ослободат од некои играчи. Меѓутоа активно се работи на случајот и најдобар доказ за тоа е информацијата на „Спорт“ дека клубот го одредил буџетот за оваа зделка и лимитот е да се потрошат најмногу 80 милиони евра.

Дали ова би било доволно останува неизвесно со оглед на тоа што „Атлетик“ претходно информираше дека „граѓаните“ сакаат 100 милиони евра, ама двата клуба се во добри односи и тоа би можело да помогне во оваа операција.

Силва има 28 години и актуелен договор до 30 јуни 2025 година. Информациите говорат дека тој би прифатил преселба во Барселона, ама мора да се исполнат доста услови за да може да се затвори оваа зделка.

Тимот предводен од Чави Ернандес мора прво да се ослободи од некои играчи, во ова не влегуваат отпишаните како Мартин Братвајт и Самуел Умтити, поточно како кандидати се Мемфис Депај, Сержињо Дест, Пјер Емерик Обамејанг, а како што е познато повеќе време виси и Френки Де Јонг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни