Поврзете се со нас

Македонија

Грнчаров назначен за нов тренер на Македонија ЃП

Објавено

на

Македонија Ѓорче Петров ќе се бори за опстанок до крајот на актуелната сезона во Првата македонска фудбалска лига, а нов предводник на тимот од денеска е Бобан Грнчаров.

Клубот го потврди назначувањето на Грнчаров и тој од денеска ќе го подготвува тимот од Ѓорче Петров за новите предизвици, обидувајќи се да ја подигне формата и да ги подобри резултатите во продолжението од втората полусезона.

Претходно, Грнчаров го водеше градскиот ривал Вардар, а на дебито на клупата на Македонија го очекува утрешното незгодно гостување кај шампионот Струга.

Раководството на Македонија ЃП претходно се раздели со Тони Џангаровски, кој мораше да ја напушти позицијата по поразот од Воска Спорт во последното коло на ПМФЛ.

По 21 одиграни рунди, Македонија во моментов има 18 бодови и е на последното место на табелата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни