Поврзете се со нас

Македонија

Гостивар го надигра Пелистер во „Младост“

Објавено

на

foto: kfsm.mk

Кошаркарите на Гостивар издвојуваа победа над Пелистер од 75:68 во претпоследниот меч од првата рунда во домашниот шампионат.

Домаќините водени од публиката во салата „Младост“ се изборија за триумф против тимот кој и оваа година има високи амбиции во првата македонска лига. Гостивар со подобра игра во вториот период успеа на пауза да замине со предност од 41-35, позитива која потоа се покажа како пресудна во продолжението од натпреварот.

Четири играчи од стартната петорка кај победникот беа двоцифрени, најефикасен беше Инграм со 18 кошеви.

На спротивната страна Маслинко беше автор на 18 поени.

Премиерното коло ќе биде затворено на 4. октомври во Скопје со дуелот меѓу екипите на Академија ФМП и Еуро Никел 2005.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни