Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Гомез Абелјо го собори рекордот на Лазаров и стана нов „крал на стрелците“ во ЛШ

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBhandbol

Ракометарите на Барселона не дозволија ново изненадување и убедливо славеа над Пари Сен Жермен (37-31) во мечот за третото место на завршниот турнир во Лигата на шампионите.

Шпанскот првак имаше супериорно прво полувреме во кое комплетно го надигра ривалот (22-13), па вториот дел беше чиста рутина, довршување на веќе започнатата задача.

Блаж Јанц со седум гола беше лидер кај победникот, но друг ракометар се најде во фокусот на вниманието затоа што беше поставен нов рекорд на финалните турнири во елитното натпреварување.

До овогодинешното издание нашиот Кирил Лазаров и Микел Хансен беа лидери на вечната листа на стрелци во ЛШ со 68 гола, меѓутоа крилото на Барселона, Алеиш Гомез Абелјо на овогодишеното издание во Келн даде вкупно 12 голови што беше доволно да избие на првото место на вечната листа и сега со 26 години има 70 голови зад своето име.

Од активните играчи во ТОП 10 листата се Арон Палмарсон (4) со 59 гола, како и Иван Чупиќ (8) со 49 гола.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни