Поврзете се со нас

Англија

Голманот на Волвс два месеца игра со скршеница на зглобот

Објавено

на

Вулверхемптон периодов е актуелен во медиумите поради долгата потрага по нов менаџер, но привремениот вршител на функцијата откри и една информација која ги загрижи фановите.

Стив Дејвис изјавил пред медиумите дека голманот Жозе Са долг период игра со скршеница на зглобот на раката.

Португалскиот голман ја заработил фрактурата уште на дуелот со Фулам во второто коло, но инсистирал да остане во комбинација за следните натпревари.

– Ова е потврда за неговата храброст и посветеност на клубот.

– Голманите секогаш се под притисок како последна линија во одбраната, а Са е вистински пример за соиграчите. Постои одредена болка кај него, но лекарскиот тим и стручниот штаб наскоро ќе мора да донесат одлука за начинот на кој ќе биде санирана повредата, – изјавил Дејвис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни