Поврзете се со нас

Англија

Големо засилување за премиерлигашот: Ливерпул го договори најдобриот унгарски фудбалер (ВИДЕО)

Објавено

на

Премиерлигашот Ливерпул внимателно ги бира засилувањата во овој преоден рок, поточно приоритет беше да се освежи средината на теренот.

„Црвените“ веќе успеаа да го договорат аргентинскиот репрезентативец Алексис Мек Алистер, а сега како што стојат работите се на чекор од ангажман на најдобриот унгарски фудбалер, Доминик Собослаи. Англискиот прволигаш ќе ја активира клаузулата вредна 70 милиони евра со што се надминува секоја пречка за реализација на оваа зделка.

22-годишниот Собослаи веќе ги има договорено личните услови што значи дека сега треба да се минат само медицинските прегледи за да се затвори оваа операција.

Доминик подолго време играше за клубови водени од Ред Бул, тргна од Лиферинг и преку Салцбург и Лајпциг стигна до англискиот великан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни