Поврзете се со нас

Англија

Голем проблем за Англија: Повредениот Џејмс ќе го пропушти СП во Катар!

Објавено

на

Екипата на Челси во наредниот период нема да може да смета на услугите на дефанзивецот Рис Џејмс.

Џејмс го повреди коленото на дуелот против Милан во Лигата на шампионите и по консултации со специјалистите, сите страни е одлучено тој да започне процес на закрепнување, рехабилитација (во игра беше и операција) кој ќе трае околу осум седмици.

Ова значи дека десниот бек ќе паузира два месеци и во случајот ќе мора да го пропушти престојниот мундијал во Катар. Се очекуваше токму Рис да биде прв избор на Герет Саутгејт на таа десна страна, но новата ситуација носи промени со тоа што мора да се каже дека во моментов повредени се и Трент Александер Арнолд и Кајл Вокер што значи Киран Трипие е најдоброто решение.

Англија е во групата Б каде во првата фаза ќе ги одмери силите со Иран, САД и Велс.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни