Поврзете се со нас

Франција

Голем ден во Париз: ПСЖ договори продажба на Нејмар за 100 милиони евра (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/PSG_inside

Нејмар ги одработи пресезонските подготовки со ПСЖ и се чинеше дека тој ќе биде ѕвездата која ќе остане во Париз, но на крајот дојде до голем пресврт и Бразилецот е тој којшто ќе си замине од „Паркот на принцовите“.

ПСЖ вчера го помилува Килијан Мбапе и го врати во првиот тим што е јасен сигнал дека Французинот останува меѓу „светците“, а ова попладне пристигна потврда од неколку извори за најавениот трансфер на Нејмар.

Бразилецот пред шест години пристигна во ПСЖ за рекорден трансфе од 222 милиони евра, но после неколку сезони во кои беше постојано оспоруван, сега е пред заминување и го делат само детали од трансфер во Саудиска Арабија.

Повеќе угледни француски извори информираат дека претставниците на Ал Хилал пристигнале во Париз и Нејмар во Франција ќе ги мине медицинските прегледи, по што ќе стави потпис на двегодишен договор со клубот за кој веќе потпишаа Малком, Сергеј Милинковиќ Савиќ, Кулибали и Рубен Невеш.

Последните вести од Париз велат дека ПСЖ ќе добие фиксни 80 милиони евра за продажбата на Нејмар, но многу лесно операцијата може да достигне и 100 милиони евра со одредени бонуси.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни