Поврзете се со нас

ВТА

Ѓорческа со моќна победа го отвори турнирот во Анталија

Објавено

на

Најквалитетната македонска тенисерка, Лина Ѓорческа со убедлив триумф го започна настапот на фјучерсот што се игра во Анталија (Турција).

Како трета носителка, Ѓорческа за ривал во првото коло ја имаше Маделиеф Хагеман од Холандија која доби вајлд карта за турнирот. Лина беше фуриозна и за нешто повеќе од еден час ја суреди Холанѓанката со идентични два сета кои завршија со резултат 6-2.

Во второто коло ќе игра со подобриот од Амарија Киара Тот и Владислава Андревскаја.

Инаку Македонката ќе биде активна и во двојки и тоа заедно со Ева Ведер, комбинација која го има статусот на втори носителки.

Турнирот се игра на земјена подлога за награден фонд од 25.000 долари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни