Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ за својата спортска тиранија на централниот терен на Вимблдон: Имаме навистина романтичен однос….. (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Wimbledon

Новак Ѓоковиќ ја продолжи својата тиранија на централниот терен на Вимблдон, па така денеска стигна до 41-та последователна победа на најголемиот и најценет стадион во Ол Ингланд клубот.

Ноле едноставно е непобедлив на Вимблдон кога игра на централниот терен цели 10 години и изгради посебна врска со ова тениско здание, а во низата на поразени тенисери се приклучи и Џордан Томпсон.

Иако Австралиецот се покажа во одлично издание и се држеше одлично во вториот и третиот сет, сепак немаше решение за Новак во решавачките моменти и загуби со 6:3, 7:6 и 7:5.

– Централниот терен на Вимблдон е најспецијалниот терен во историјата на нашиот спорт, во тоа нема никакви дилеми. Сите ја знаеме традицијата, знаеме колку долго се игра тука тенис.

– Секојпат изгледа како клише кога го кажувам ова, но навистина уживам во секој момент минат на овој терен. Вистинска привилегија е да се игра на овој терен, а посебно во овие години од животот кога играм против помлади тенисери. Не знам уште колку ќе можам, но јас и овој терен имаме навистина романтичен однос, – изјави Ѓоковиќ кој последен пат загуби на централниот терен од Енди Мари во финалето во 2013-та година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни