Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ: Ова е една од моите најдобри сезони, најмногу ми значи…

Објавено

на

Фото:twitter.com/CincyTennis

Српскиот тениски ас, Новак Ѓоковиќ имаше победнички почеток на завршниот Мастер во Торино и тоа против Холгер Руне кого го совлада со 2-1 во сетови со 7-6, 6-7 и 6-3.

Со ова Новак исполни неколку цели, успеа по осми пат во кариерата да ја заврши годината на првото место на АТП листата, а наредната седмица ќе влезе во историјата како прв играч кој стигнал до 400.недели владеење во светот на тенисот.

Сега рекордерот по освоени грем слем титулу може максимално да се фокусира на турнирот и да успее по седми пат да слави на оваа сцена.

-Дефинитивно, ова е една од моите најдобри сезони. Мислам, имаше неколку години, мислам дека три пати освоив три од четири грен слемови во една сезона, како 2011 или 2015 година. Во тие години имав повеќе победи, но играв и на повеќе турнири. Се чувствував многу доминантно.

-Околностите беа сосема поинакви оваа година во споредба со некои претходни години. Играв 10, 11 турнири во годината. Играв многу добро, а најмалку од сите. Успеав да бидам на врвот на формата во вистинско време. Тоа е она што навистина многу ми значи, -подвлече најдобриот светски рекет.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни