Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ им се обрати на фановите и објасни зошто нема да игра во Мајами (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/BNPPARIBASOPEN

Организаторите на Мајами веќе објави дека Новак Ѓоковиќ нема да настапи на вториот Мастерс турнир од серијата 1000, а оваа информација сега официјално ја потврди и светскиот рекет број еден.

По раната и шокантна елиминација на Индијан Велс, Ноле побара неколку дена пред да донесе конечна одлука за Мајами, но како што вели самиот, во оваа фаза од кариерата клучно е да се прави баланс на професионалниот и приватниот живот.

Иако беше пријавен за Мајами, на крајот Ноле воопшто нема да се појави, па негова цел ќе биде максимално добро да се подготви за сезоната на земјена подлога.

– За жал, нема да играм во Мајами оваа година. Во оваа фаза од кариерата, правам рамнотежа меѓу приватниот и професионалниот распоред. Жал ми е што нема да го доживеам навивачите кои се меѓу најдобрите и најстраствени во светот. Се радувам на настап во Мајами во иднина, – порача Србинот.

Ѓоковиќ после долги години ќе влезе без освоен трофеј до месец април, по што јасно е дека ќе биде крајно мотивиран на турнирите кои се играат на земјена подлога.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни