Поврзете се со нас

АТП

Ѓоковиќ го дозна терминот за „дербито на денот“ против големиот ривал од минатото

Објавено

на

Foto:twitter.com/Wimbledon

Новак Ѓоковиќ важи за апсолутен фаворит на Вимблдон и сите прогнозираат дека тој ќе стигне до рекордот на Федерер по бројот на освоени титули во Ол Ингланд клубот, а судбината посака на неговиот пат да се најде еден сонародник на Швајцарецот.

Се работи за искусниот Станислас Вавринка кој во минатото исто така беше и голем ривал на Србинот, или поточно беше човекот кој го остави Ноле без две грен слем титули во финалињата на Ролан Гарос и Ју-Ес Опен.

Популарниот Стен денеска ја мина својата пречка во второто коло на Вимблдон и со 3:1 беше подобар од Ечевери, по што стана јасно дека утре ќе гледаме големо дерби на централниот терен.

Организаторите на Вимблдон го сместија овој меч од третото коло на најважното тениско здание во Ол Ингланд клубот, а според програмата, тој е трет по ред.

Први на централниот терен ќе излезат Карлос Алкарас и Александр Милер, потоа ќе играат Игра Швјонтек и Петра Мартиќ, а мечот меѓу Ѓоковиќ и Вавринка според прогнозите ќе стартува околу 18:30 или 19:00 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни