Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Георгиевски: Не знаеме каде сме, до каде ни е формата, но…

Објавено

на

Вардар веќе подолго време нема настап во Лигата на шампионите со оглед на тоа што два натпревари од елитото натпреварување им беа одложени, но таа „пауза“ утре ќе биде прекината затоа што во Скопје доаѓа составот на Флензбург.

Германскиот прволигаш е во одлична форма, со перфектен учинок „три од три“ и дефинитивно ќе ја има улогата на фаворит на средбата во „Јане Сандански“. Во таборот на „црвено-црните“ се свесни за тоа, но воедно мотивирани да го дадат најдоброто од себе и да се обидат да дојдат до позитивен резултат и покрај многуте прашалници околу формата со оглед на паузата од еден месец.

-По подолго време ќе одиграме еден натпревар, дуел со Фленсбург. Добро познат противник, тим во одлична форма. Сите знаеме како играат во оваа сезона, имаат многу натпревари, се наоѓаат во добра серија, ритам. За нас ќе ни биде потешко од таа гледна точка затоа што цел месец не игравме натпревари. Ни останува она што го работевме на тренинзите, сега да го покажеме на терен.

-Мислам дека Флензбург е екипа која е негзодна во транзиција, има брз напад со премногу квалитетни играчи. Ако одиграме она што го работевме на тренинзите ќе биде малку полесно, но пак ќе кажам – тешко е цел месец да немаш ниту еден натпревар, не знаеме каде сме, до каде ни е формата. Ова ќе биде тест за тоа. Очекувањата секако се позитивен резултат, играме на домашен терен за првпат во оваа сезона, ќе се бориме ангажирано и дисциплинирано за да стигнеме до поволен исход, -истакна Гоце Георгиевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни