Поврзете се со нас

Македонија

Гедбан: Во Битола сум како дома, многу е важно што Пелистер ќе игра во ЛШ

Објавено

на

foto:www.facebook.com/hceurofarmpelister

 

Еурофарм Пелистер направи неколку промени во играчкиот кадар за престојнава сезона, а едно од новите имиња е голманот Калифа Гедбан.

Гедбан во минатото го носеше дресот на Вардар, стана европски шампион со „црвено-црните“, па за него ова е камбек во Македонија со тоа што сега ќе игра за „фармацевтите“ од Битола.

-Многу сум среќен што се вратив во Македонија, овојпат во друг клуб-Пелистер. Навистина сум среќен. Имаме добар тим, мора да се бориме за домашната титула, ќе играме и во Лигата на шампионите. Нема да биде лесна сезона, но мора да се бориме на секој натпревар.

-Од претходно го знаев градот, Битола е убава. Сум бил тука 3-4 пати претходно, а сега живеам тука. Ми се допаѓа градот, луѓето, не се чувствувам како странец, туку како да сум дома.

-ЛШ е најважното натпреварување во ракометот. За Пелистер е многу е важно што ќе игра во оваа сезона. Ќе биде интересен и голем предизвик за нас, -порача Гедбан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни