Поврзете се со нас

Репрезентација

Футсал: Македонија со убедлив пораз во Темишвар ги заврши евро-квалификациите

Објавено

на

Македонската футсал репрезентација отпатува на гостувањето во Темишвар без неколку стандардни првотимци, а селекторот Скендеровски им даде шанса и на играчите кои обично добиваа мала минутажа на последните натпревари.

Македонија влезе во дуелот со Романија без никакви шанси за обезбедување на второто место кое води во баражот, кое на крајот го освои Србија благодарение на победата во Зеница кај првопласираната Босна и Херцеговина.

Десеткуваната Македонија немаше никаква желба за надигрување ова попладне, а тоа се одрази со убедливо највисок пораз во квалификациите кои ги завршивме на неславен начин.

Романците набрзина постигнаа четири гола уште во првите десетина минут, на полувремето заминаа со предност од 6:0, но ниту деветте голови не им беа доволни за да стигнат до бараж местото кое им припадна на Србите со триумфот од 1:3 во Зеница.

Македонија загуби со преубедливи 9:1 за крај на квалификациите за Европското првенство, а почесниот погодок во поразот го постигна капитенот Петровиќ во 25-та минута.

Македонскта футсал селекција ги заврши квалификациите на последното место во групата, со биланс од две реми средби и четири порази.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни