Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд си ја призна грешката околу Халанд: Никогаш повеќе нема да го направам тоа

Објавено

на

Ерлинг Халанд изминатиов викен стигна до својот 15-ти гол во Премиер лигата и продолжи со историскиот старт на една натпреварувачка сезона во Англија, епилог кој не можеа да го замислат ниту најголемите оптимисти на Манчестер Сити.

Всушност, предвидувањата кога е во прашање Норвежанецот беа сосема контрастни на ова што се случува во моментов и голем дел од експертите прогнозираа дека ќе му биде потребно време за адаптација, а тоа го признава и Рио Фердинанд кој заклучува дека голгетерот на Сити се однесува на теренот како да игра во некоја лига од низок ранг.

– Никој не знаеше што може да направи во Англија, но јас сум доволно возрасен за да признаам дека погрешив. Вакво нешто е нечуено и невидено и мора да се потенцира.

– Се однесува на теренот како да игра во Сандеј лига (најниско скалило во Англија), но ова е Премиер лига. Сите велеа дека може да го прави тоа само во Германија, а сега гледаме нешто друго. Не верував дека ќе постигнува толку голови со поставена игра со посед, но со тоа што го прикажа на теренот, направи веќе никогаш да не го доведам во прашање, – вели Фердинанд, кој сепак смета дека Халанд и Мбапе нема да ги надминат Роналдо и Меси.

– Сите ги гледаме како се развиваат Халанд и Мбапе, но според мене, тие нема да бидат константни како Роналдо и Меси. Тие се легенди кои се задржаа на врвот навистина многу долго и во континуитет, – додава Рио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни