Поврзете се со нас

Англија

Фердинанд: Роналдо ќе збесне ако Тен Хаг продолжи со овој тренд

Објавено

на

Рио Фердинанд постојано застанува во одбрана на Кристијано Роналдо и тврди дека тој не е проблем за првиот тим, но затоа е убеден дека ќе има доста проблеми во тимот доколку Тен Хаг продолжи со актуелниот тренд, а тој не си замине од „Олд Трафорд“.

Досега се изјаловија неколку обиди да правење трансфер на Португалецот и останува член на тимот на два дена пред затворањето на летниот преоден рок, а Фердинанд вели дека не може да гарантира негово останување.

Во моментов, Роналдо е резерва во тимот на Тен Хаг и тоа беше евинденто на последните два меча на кои играа „ѓаволите“, а доколку тоа не се промени, Рио е убеден дека Кристијано нема да може да се помири.

– Никој не знае дали ќе остане, или ќе си оди. Но, познавајќи го Кристијано Роналдо, убеден сум дека е бесен во моментов, а ќе биде уште побесен ако се продолжи со овој тренд.

– Заборавете на тоа кој е стартер пред него, не се важни имињата, едноставно не е навикнат да седи на клупа после се што доживеа во кариерата. Тој е некој кој нема да прифати да биде резерва во тим кој не игра во Лигата на шампиони. Не може да очекувате да се промени неговиот однос на 37 години, таков е од најмала возраст. Суперѕвездите се поинакви и тој нема да прифати да седи на клупа, – смета Фердинанд.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни